Во тој краток разговор од под пат излезе селанец, сиот во пот утунат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
После краток разговор, гледвме низ широкиот прозорец.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во кратки црти, со крцкање на забите, го прераскажа краткиот разговор воден со Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Откако се отпоздрави по краткиот разговор, ја врати слушалката на своето место.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се труди, но не успева да дојде до крај на некаква улица, кадешто би влегол во некоја куќа и би поразговарал самиот со себеси - би направил краток разговор за тежината во стомакот што доаѓа од онаа немоќ тој самиот да постави рамки во кои би ја сместил околината со сета нејзина севкупност а себеси како јасно издвоена, и никако вклоплива поединост - би се оставил на страна, , надвор, или барем на крајот од светот, а тоа да не е така заради него или заради светот, туку заради природата на рамките.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Низ честите разговори на таа тема дотогаш Ема правеше сè да ја задржи Илона во Центарот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во краткиот разговор, Шефот на Ема ѝ даде конкретни и прецизни инструкции, според кои таа требаше да ја наведе Илона на нешто што беше сосема спротивно на дотогашното инсистирање на полицајката.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Влаинката ја израдува овој краток разговор што му го разбистри лицето на нејзиниот син, па таа наместо тој, навистина ги засука ракавите, скокна и почна да се фали како на гроздоберот самата ќе ја преземе работата околу манџата за берачите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Хана, значи, по еден краток разговор со сестра си, дефинитивно го напушти семејството, вљубена во црните очи на Леон, во длабокиот глас и во неговата густа коса во која ја протнуваше тенката, грацилна дланка секогаш кога тој ќе ѝ се загледаше во светлите, сини очи и во пегите со кои беше испрскано правилното лице на Хана.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Убаво, - промрморе Фоте и продолжи да оди низ бараките, кои сега беа приспособени за ателјеа на керамичарите, надевајќи се дека друштвото зад него не го слушнало или барем не го заушило краткиот разговор од непланираната средба со некогашниот затвореник, а сегашен уметник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нека овој наш краток разговор биде повод за подолго размислување и настојување да всадиме кај сите луѓе во светот желба за среќа, еднаквост, радост и мир. Мир за сите!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)