Дури кога госпоѓата сврте да влезе во зградата во која очигледно работеше, дури тогаш таа набрзинка ја подзаврте главата в десно, го погоди со еден краток поглед и, сигурно задоволна, му се изгуби во влезот на зградата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
После прочитаното, си разменивме по еден краток поглед и останавме насмеани.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Девојката зад барот со по две кригли во двете раце замина кон другиот крај на шанкот, пак насмевнато фрлајќи краток поглед кон Еда кој веќе се чувствуваше необично.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)