краток (прид.) - пауза (имн.)

Дури и Љупчо е возбуден, кога постигнува погодок. Крева раце, восхитено се смее...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во кратката пауза кон Вики приоѓа наставникот и нешто ѝ зборува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја прифаќаат топката и фрлаат кон кошот. Веројатно имаат трема.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По кратка пауза брзо ја спушти својата тежина на плочата и ја здроби.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рачката со иглата пак се подигна, застана, и брзо падна здробувајќи ја плочата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рачката со иглата се помести на многу висока позиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Да-а! - се јави по кратка пауза пак Трајан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Настана кратка пауза. - Вака веќе не може, - проговори пак сопственикот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кадровикот направи кратка пауза, за кое време повторно го одмеруваше и омекнуваше нова цигара.  - Што сакаш да бидеш?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По многу кратка пауза, луѓето некако спонтано, како со еден глас, извикнаа: "Е-ху-хааа...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа настанува кратка пауза, во текот на која Сухов се прави како да се присеќава на нешто, и потоа почнува да вергла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Требаше да се преврти секаква литература...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во кратката пауза што уследи, ги прашав до кој степен оваа форма на комуникација - спротивставувањето кое тие така јасно го демонстрираа - е доминантна во нивниот однос.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше потребно да ги прекинувам уште два пати пред да се уверат во она што го зборувам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По кратка пауза, додаде, „Ти не грижи ништо, така. Ти не нервирај.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По кратка пауза воздивна. „О, да, и Домаќин. И тој знае.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
БАРБАРА [кратка пауза, потоа сака да ја прикрие тензијата]: И, убаво ти е на училиште?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По кратка пауза старецот продолжи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Човечките судбини во Гнездо плетеа чудесни, честопати невидливи мрежи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има мигови во кои лудите се издвојуваат од својата не-реалност, и во таа кратка пауза во времето чувствуваат некоја повисока реалност, како некакво претчувство за крајната испреплетеност на судбините кои сочинуваат соѕвездија на Земјата, кои можат да се видат единствено од некоја далечна ѕвезда. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
После кратка пауза Антица ја отвора вратата и и прави пат на Баба Анча прва да влезе).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Му олесна кога оркестарот најави кратка пауза.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Додека поминував покрај неа, како да поминував низ розов облак! - додаде Вртанов по сосема кратка пауза Се потсмевнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Широко ја отвори устата да се насмее и ѝ се виде жолтиот јазик.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По кратка пауза Мони продолжи да зборува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Туширање (ај, кога веќе сме голи). Блажен сон или кратка пауза. Нешто слично како по напишана песна.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Кратка пауза. Сега одново префрлување на првата линија и прел да стигнат, артилериските гранати почнаа да ја ораат втората одбранбена линија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)