На средбите што ги имавме во Истражниот затвор постојано зборувавме за овој предмет, задржувајќи се на секој детал исцрпно, и јас бев сигурен дека неговиот гест, кога показалецот го стави на пластичната проѕирна папка на предметот “НиЕ”, поттупнувајќи неколку пати на првата буква, а потоа лизгајќи го прстот под краткиот наслов како да го поттцртува, повеќе беше со намера да ја исполни празнината што тој ја почувствува кај мене, отколку да ме потсети или да ме упати на нешто важно за кое требаше посебно да размислувам.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)