Како по договор и едните и другите решија да се фаќаат живи на цуцката (или во краен случај да се колат со штиковите) кога ќе дојдат да клаваат мамци, одговори на најдените книжулчиња и разни продукти, без да стрелаат едни на други, бидејќи началството ова општење го забрани строго.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така посматрана, „културата“ не е нешто што нужно се врзува за хуманистичките дисциплини, па според тоа менаџерот во банка и цариникот во подеднаква мера се културни луѓе (...) Во краен случај, културата претставува поседување на знаења во секоја смисла (...) Во демократските аспекти, ова дава аргумент за дифузија на културата меѓу пониските општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Барем да се потрудеше да телефонираш, во краен случај.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
РЕВШИН: Па, што да ви кажам, ете... гледате ли, јас лично свои пари немам, но во краен случај ќе ви пронајдам за карта, - ако не одите далеку, се разбира, и, да речеме за живеачка таму каде што ќе бидете за околу две недели, но под услов, се разбира, дека Љуба Ивановна ќе ја пуштите кај сестра ми на село.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Седевме во паркчето на нашата клупа. Го чекавме Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тој ни е водач, треба да се почитува, па игрите започнуваат според неговиот предлог или во краен случај - кога тој ќе се согласи за некој наш предлог.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тој веќе беше стар, вкочанет, грозничав, тој имаше настинка, грип и воспаление на бели дробови во исто време.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој сакаше барем некој од луѓето да забележи дека е гол, да се појави некое глупо момче, но глупи момчиња веќе одамна немаше, сите беа паметни и готови во краен случај да говорат за квалитетот на кралската облека, но никако за нејзиното отсуство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)