кравји (прид.) - масло (имн.)

Да седиш надвор пред шаторот, на платнено столче како на глуждест триножник, да го држиш в скут врелиот филџан со кафето мирисно што чади, да ги гледаш пред себе на плажата првите капачи како срамежливо се соблекуваат и зиморливо влегуваат во водата, додека на синото небо некое бело облаче полека се топи во сончевината како грутче кравјо масло во тава на оган, додека зад тебе по патот збивтаат шлеперите со ладилници кон границата и од границата, а по врвовите на дрвјата пролетуваат гаврани во засипнато грачење - тоа ти е како да си влегол во разгледница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си беше во ателјето, по утринското кафе и препеченото лепче танко премачкано со кравјо масло и прелеано со лажиче багремов мед, шуткајќи се меѓу кантичките со бои и ќупчето со шпахли, застанувајќи одвреме - навреме пред платното и обмислувајќи го првиот потег.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жена му помисли дека дошол во кујната да го испие утринското кафе и да го изропа своето препечено парче леб со кравјо масло и багремов мед, пред да се врати во ателјето на работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)