костенлив (прид.) - око (имн.)

Младиот патник... тука офицерот го стави прстот на местото до каде што беше стигнал со читањето и ги управи своите живи костенливи очи на Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од костенливите очи му бликаше некоја умна радост што никому не беше позната, ни зошто, ни како доаѓа во тоа негово намачено, осамено и ненахрането тело.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Му играат костенливите очи, не му застанува на исто насмевката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)