Па, злогласната реплика на Бети Дејвис јасно прерасна во показател на одреден конкретен став, карактеристично држење што инаку би било тешко да се долови со три зборчиња: комбинација од вулгарност и гордост, презрива надменост, погрден естетски суд, претенциозност на несудени високосталежници и ситничаво, женско отфрлање на несебичните, искрени, машки вредности на средносталешката пристојност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа ќе подразбира напор да се дојде до систематско опфаќање на лизгавото, речиси неискажливо значење на некои гестови, на конкретни ставови, особени перспективи, агли на гледишта, на изразни стилови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Очекувавме татко ни да не се согласи нашата коза да се вика Сталинка, според предлогот на братот кандидат-партиец, а тој во мигот не рече ништо што можеше да се протолкува како конкретен став.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)