Но има во оваа слика чудесна убавина која, трансцендентирајќи секаква конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бевте во право кога велевте дека во текстот беше изразена толку силно хармонијата на еден маж и на една жена низ нивната тишина за што тешко можело да се најде друг пример, слика на една чудесна убавина, која трансцендирајќи секаква друга конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко ми како вистински балкански алхемичар од посебен ков, се срушташе длабоко во ноќта за да ги најде вистинските зборови обвиткани во рувото на тишината со кои требаше да им се противстави на зборовите, небаре излезени од барабани, во тие тешки времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Покрај пасажите за потрагата по душата, фиксирана во татковите книги, во мајкиното огледало и врската клучеви на некогаш напуштените куќи, кои можеа да ги отвораат само сонуваните брави, мислам дека само во долговечната заеднички истрадана тишина можеше да се насети постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)