Органите на државната управа и правните лица се должни на Државното правобранителство да му доставуваат податоци, докази и информации заради правна заштита на имотните права и интереси на РМ за потребите за постапување по конкретен предмет, во рок од пет работни дена (чл. 12, ст.1 од ЗДП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Реално постоечкото ‘право’ е всушност оној збир од правила што ги имаат утврдено судовите!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Органите на државната управа го известуваат државниот правобранител за секој имотно-правен спор со домашни или странски физички и правни лица (чл. 14, ст.1 од ЗДП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Погрешно би било и начинот на кој лезбијската култура ја чита главнотековната култура да се концептуализира според машкиот геј- модел што го опишав тука, како нешто што би се состоело од настранување на конкретни предмети (како што се средствата на моќта), икони (Џејмс Дин) и практики (спортот софтбол).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Оти законите што ги носи државата сѐ уште не претставуваат ‘право’ – туку, во најдобар случај, тие се само ‘извори на правото’ [fontes iuris].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред носењето на судиската одлука, единственото употребливо ‘право’ е мислењето на правниците [opinio iuris] – а, пак, тоа воопшто не е реално ‘право’, туку само претпоставка или, уште подобро, предвидување за тоа што ќе одлучи конкретниот судија во конкретниот предмет по кој постапува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)