По доставувањето на тужбата до тужениот, за преиначување на тужбата е потребна согласност од тужениот, но и кога тужениот се противи судот може да дозволи преиначување ако смета дека тоа би било целесообразно за конечно решавање на односите меѓу странките...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конечното решавање на правниот статус на овие „проблематични“ радиодифузери се случи дури на крајот на 2010 – од кога, правно гледано, тамошните работници повеќе не се водеа како вработени, туку беа одјавени од списокот на АВРМ и пријавени, односно внесени, во евиденцијата на невработени лица. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тужителот може да ја преиначи тужбата до првото рочиште за главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По целокупното окончување на спорот Кукулев, барем формално-правно, остана да работи во Радиото уште околу две години – иако тој, впрочем како и сите вработени во локалните радиодифузери, не одеше на работа и не земаше плата – бидејќи de facto локалните радио и ТВ станици беа затворени и воопшто не работеа!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)