Ворхоловите јунаци, во конвенционална смисла социјално и сексуално девијантни отпадници, дури и впечатливи од пуританско гледиште, се прикажани среде сопствениот свет и среде сопствениот контекст, каде нивната девијантност изгледа сосема обична, прифатена, вообичаена, природна и лишена од каква било афектација.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„La Grande Arche” во Париз, на пр., повеќе изгледа како дизајнерски модел, отколку како архитектура во конвенционална смисла.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)