комунистички (прид.) - режим (имн.)

Водачот на козарите, Чанга, се противстави велејќи дека тие успешно со козите го преживеале фашизмот, па зошто сега комунистичкиот режим да се плаши од козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И Мустафа С. не беше рамнодушен кон покерот и покрај непишаната морална забрана на оваа игра со карти од страна на комунистичкиот режим чиј припадник беше самиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Козарите жално го гледаа, небаре само тој славниот и храбар козоводец кој ги донесе козите во градот и му се спротивстави на комунистичкиот режим, само тој, и никој друг можеше да ми излезе пред очите и да го спаси лудото храбро козиче од волкот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Комунистичкиот режим со драконски мерки речиси ја ослободи земјата од жртвувањето низ крвната одмазда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Проста е историјата за козите во повоено Скопје, кога новиот комунистички режим од поканетите козари во градот сакаше набрзина да создаде силна работничка класа која требеше да го стаса капитализмот, кој според пресметките на Сталин му бегаше на комунистичкиот социјализам за седумдесет години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Новиот комунистички режим по војната сака да ја урбанизира претежно аграрната земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа друга уметност, која одбива да се декларира како народна е „културолошко труење со предумисла“ и е производ на бољшевизмот и тоталитарниот комунизам (што можеше Луција да знае за бољшевизмот и комунизмот со своите седумнаесет години, кога имала само единаесет години кога се урна комунистичкиот режим?).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)