Така и во најновите технички помагала, протезите и имплантите, не гледам туѓи предмети и паразити врз „природното“ тело, туку негови продолжетоци за преживување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако можностите што ги отвора развојот на современите комуникациски технологии сé уште во потполност не се истражени, веќе сега знаеме доволно за да можеме да тврдиме дека онаа универзална, глобална слика на светот (со одредена култура или низа култури што доминираат) му припаѓа на минатото.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)