компјутерски (прид.) - модел (имн.)

Оваа функционална перспектива на водењето на испитувањето, позната како „конструктивен алтернатизам” (Kelly 1955), овозможува широко пространство во семантичкиот простор за когнитивните научници, општо, да конструираат компјутерски модел на менталните репрезентации без да се грижат за таканаречениот „проблем на односот ум - тело”; и исто така за AI заедницата да имплементира различни форми на машинска когниција без предрасуди во однос на нивниот потенцијално долг период на употреба.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Компјутерските модели на когницијата не прават претпоставки за интелектуалните капацитети на силициумот (или јаглеродот).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Секој комплексен компјутерски модел би имал повеќе нивоа на таква дескрипција, сите подеднакво валидни.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Потоа, поригорозните готови производи се враќаат назад во психологијата за експериментално да се испитаат и понатаму да се елаборираат во светлината на теоретски релевантните податоци, на пример, некои од новите компјутерски модели во истражувањето на перцепцијата. okno.mk | Margina #3 [1994] 99
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Психолозите како Rychlack кои ги отфрлаат сите компјутерски модели на умот можат да прескокнат од психолошкиот последен брод во науката за умот (т.е. научен и сѐ уште суштински небиолошки опис на психолошките феномени) и во матните води на мистицизмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Основните тези се дека компјутерските модели (машините) можат да се користат за покохерентно прикажување на барем неколку психолошки теории на когниција, додека во исто време, истражувачите ангажирани во борбата за градење на интелигентни артефакти (AI) можат да изведат идеи за подобрување на своите системи од резултатите на експериментите со човечки субјекти водени од психолози.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Главно во таа теза е идентификацијата на посредувањето во компјутерскиот модел помеѓу хардверот на машината и програмот што се извршува. Searle бара од нас да земеме програм за кој претпоставуваме дека разбира кинески - тоа може да биде било кој AI програм за кој се тврди дека на некој начин покажува когнитивни способности - и да се стави листинг од тој програм во соба со некој кој ќе може да го следи текстот на програмот, но кој не разбира кинески (или му недостига когнитивна вештина да утврди за што е наменет програмот).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На крајот добиената сложеност на податоците е поврзана и со ограничувањата на дадениот компјутерски модел кој успеал да ги воспроизведе со задоволителна точност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)