компјутерски (прид.) - игра (имн.)

Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Триесетгодишниот самоук Jaron Lanier, којшто не завршил ни средно училиште, ни факултет, бил измислувач на компјутерски игри, што се денес неспоредливо покомплексни отколку во времето на првите домашни компјутери. 94 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)