Интересна и неконвенционална, но во позитивна смисла, е и одредбата која предвидува дека во случај на спор, ако кандидатот за вработување изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на антидискриминаторски одредби од законот товарот на докажувањето, дека всушност немало дискриминација, преминува на страната на тужениот работодавач, освен ако овој докаже дека различниот третман е направен поради исклучоците предвидени во самиот ЗРО – а тоа, пак, е во случаите кои се однесуваат на инвалиди, постари работници, бремени жени, мајки, 15. Тука би сакале да споменеме и еден компаративен случај од оваа област.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)