козји (прид.) - млеко (имн.)

Тука, во ова собиче, твојата мајка, ме нахрани со парче леб и чаша козјо млеко.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вистинско, козјо млеко, како од мајка родена!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не минаа ни три дни, а недостигот од козјо млеко беше очигледен: образите на децата веќе беа бледи зашто млекото од козите беше главната, ако не единствената храна на многу семејства во Козар маало, во градот, насекаде во пасивната сиромашна јужна република, која мораше веднаш, небаре по наредба да доживее брз индустриски развој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козјото млеко претставува базичен елемент за опстанокот на жителите на Балканот, вечни жртви на Историјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откако утврди дека е млеко, им свика на другите козарчиња. – Тече козјо млеко од ридот! Млекооо од нашите кози!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга убаво нѐ пречека, нѐ послужи со топло козјо млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Соседите ни носеа по канче козјо млеко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многумина настрадаа, долго време криејќи ги козите, но спасуваа други семејства, со деца и со старци на кои им беше неопходно козјото млеко за преживување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некој рече дека козјото млеко било лековито и ние почнавме да ги фаќаме заделените кози.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)