Тие еднаш изедоа дури и шапка од козја кожа.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Главниот козар, несомнено и водач на козарите, по име Чанга, кој носеше лека козја наметка, со шапка од козја кожа во вид на титовка, прв се поздрави со градските челници.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Доаѓал во бела мантија и во чорапи од козја кожа. На вратот му виселе недоза’рѓани клопотарци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По секоја молитва и молепствие, вампирот станувал полош.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На воденичкиот ѕид секогаш висела долга кременарка со изрезбан кундак и ги поучувала копуците да не му се спротивставуваат кога ќе ги заборавел поранешните спогодби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нешто морав да сторам. Нацртав голем ној и се качив на неговиот грб.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)