Не му беше лесно на Камилски да се справи со толку голем број османотурцизми од толку широки области, голем број со завршена употреба во животот, покрај за секогаш прифатените зборови, или заемките кои служеа и како неодминливи синоними.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски повторно се најде со своите книги и тишината во новиот тек на мисијата: да ги посочи, според договорот со Татко, клучните турцизми задржани во балканските јазици од областа на духовниот живот, заемките од религиозната терминологија и зборовите со апстрактна содржина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)