клучен (прид.) - настан (имн.)

Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„За првпат во модерната уметност, на прагот на цивилизациската заостанатост и резигнацијата на индустриското општество, една архетипска концепција стана клучен настан при поврзувањето на нашата рационална сегашност со нашето минато.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој често стоеше очи в очи со клучните настани на балканската историја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)