Сакав како некогаш тој во силните и големи империи, да дојдам до вистината за владетелите, до кои животот како дипломат ме доближи во клучни моменти, да ја доразберам човековата суштина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се пишувало најчесто во одредени клучни моменти во животот: при селидби, суши, глад, при стигнување во туѓина, при свадби, раѓања, умирачки.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тоа е клучниот момент: денес општеството не е ништо помалку репресивно отколку во времето на „човекот на организацијата”, верниот службеник на Институцијата; токму спротивното, разликата е во тоа што општествените барања не ги преземаат веќе облиците на Идеалното Јас, на интегрираниот „внатрешно среден” симболичен код туку се останува на рамништето на пред-ојдиповото над-јас: “Во општеството што бара да се служиме со некое поставено правило во општествените односи, и кое честопати истите правила ги сместува во кодот на моралната еднаквост, индивидуумот мора да се бори за да ја сочува психичката рамнотежа; сето тоа ги потпомогнува облиците на сконцентрираност во себе, што потсетува на примарниот нарцизам на империјалното јас.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ова го спомнувам само затоа зашто сега веќе сум сосема сигурен дека токму тоа беше оној клучен момент во мојот живот што подоцна секој ден грижливо ми ја отчукуваше судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова беше вториот клучен момент, а се надеваше и последниот, кога ќе мора да се јави на посебната линија за да каже што одлучил.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Феникс се раѓа само еднаш, во случајот на Арафат тоа ќе биде повеќепати...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXIX Историските личности се создаваат во долг временски процес, во пресрет и вкрстување на бројни околности и противречности, така што нивната блескотна појава во клучни моменти во историјата останува целосна енигма.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)