клучен (прид.) - доказ (имн.)

Сокол Мечевски трагаше по клучни докази од сиџилите, за причините за исламизацијата на христијанското население, почнувајќи уште од ХVI-от век, за да го дополни својот научен труд, со кој уште поодамна беше докторирал, но постојаного одлагаше објавувањето на книгата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, колку повеќе размислував за смелата, брза и префинета остроумност на Д. – за тоа дека документот мора да му биде секогаш на дофат, ако сака успешно да го употреби; и за клучниот доказ, добиен од префектот, дека не се наоѓа во границите на вообичаеното пребарување на тој достоинственик – толку повеќе стекнував убедување дека, за да го скрие писмото, министерот се послужил со далекосежното и мудро решение воопшто да не го крие документот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Клучен доказ е тоа што ниту еден животински вид такво нешто не практикува... како па за сѐ друго да сме идентични со животните: пиеме кафе ко жирафи, играме шах ко фоки, сурфаме по Интернет ко двогрби камили, те цепиме атом ко млади мајмуни.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)