кисел (прид.) - мирис (имн.)

Со полувкочанетите прсти ја тргавме облеката од себе, останувавме голи, само со виснатата кожа на нас, со спуштените гради и стомаци, со модрите вени што ни ги покриваа нозете, со искривените раце, со смрдливиот здив кој се мешаше со киселиот мирис на телата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зашто, тогаш, и резенките на мракот лилаво се испарувале не можејќи да најдат засолниште во корењата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На својот пат луѓето бегале од шуми, од голите ридишта не демнеле лутооки арамии со кисел мирис во брадите; неголеми простори на запрложен македонски даб, засолништа на лисици и црногрби свињи, камен и неплодна иловица - патем тоа ги чекало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некоја старица рече нешто, ама зборовите се изгубија во звуците кои ги правевме во обидот да стигнеме која попрво во коритото, да заграбиме со лончето вода од казанот, да се потуриме со вода, да се затриеме и да истриеме од себе која колку може повеќе од гнасотијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)