Може и да ѝ го покаже на Митра, и таа ќе се израдува, и да го виде не може да призне во него оти не ги знае кирилските букви (не ги знаеше ни грчките), само сепак, Чана не може да го направи тоа, едноставно радоста од писмото прво сама сака да ја има само за себе, а после ќе ја дели со другите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тука почиваат, пишуваше со нашите кирилски букви и на нашиот јазик, Трајан и Велика Поцо...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јасно, останаа книгите, неколкуте книги со кирилски букви.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Најпрвин видов некои листови испишани на турски со арапски букви, за кои претпоставував дека се купопродажни договори, потоа потврди за заем со кирилски букви и еден куп листови, грубо подврзани, испишани исто така со кирилски букви, како и еден исечок од весник.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)