Волчицата- стојбина, со грч во секоја нишка месо, се скаменувала подивена и капната од рани, на каменот никој веќе не барал и не наоѓал траги на Климентовиот дух што над деветстотини години се движел од немило до недраго како призрак на некогашниот жив призрак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Капнати од умор, раскинати, закрвавени луѓето се натркалаа да спијат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Врти се роју умен, вртлогу
ти кој си на небо, биди на земја
вртилишта, улишта, восочни легла
рам-меморија на приземје и кат давам
за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет
меден збор, афродизијак
и медовината капната од небо ти ја давам
на серафим налик и на мираз
од нечија блага душа
и изблик на вечноста ти нудам
„гола како кокошкин врат“
за да се собереш, сакана
да дојдеш на врв врба
во моето гнездо озарено со етер
со екстракт од масло
со медоносно билје
ти нудам енигматични игри
крстословки, ребуси
пополнување на празнините и сотките
осмислување на келиите -
безбројните восочни клетки
ко минијатурни смрчки
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Изморени и капнати од целодневното одење, легнуваат на влажните лисја и слама - една додруга, тело до тело, притиснати, гушнати; си дишат в лице, в чело, в грб, превиткани од студенилото и влагата што влегува под кожа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но ранетата волчица можела да се пои од Климентовите води и да ја наслушнува со жили тешката бучава на недопрените шуми неподелени помеѓу ајдутите и рисовите; секирите на фукарата и бичкиите на имотниците не стасувале да ја ограисаат целата невиност на животворното зеленило над кое, секогаш, и небото е посино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)