XII Брзо, пребрзо минуваа париските денови на Климент Камилски во земјата на париските букинисти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XXX И додека Татко го гледаше Камилски како со бавни чекори и куферчето книги се доближуваше до нашата куќа, се пренесе во мислите во денот на ненадејното вклучување на Камилски во балканскиот покер во нашата куќа со Татко и неговите пријатели.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А тој, ненавикнат, како што ѝ рекол еднаш на Мајка, ниту да дава а ниту да прима комплименти, секогаш сакаше да го прекине Камилски во тие негови напливи. Но тоа не му успеваше.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
VII Кога се разделија Татко и Климент Камилски во доцната ноќ, и кај обајцата зајакнуваше убедувањето дека ќе најдат нови методи како да ги обединат книгите од нивните библиотеки за среќната иднина на нивните деца на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)