каменест (прид.) - планина (имн.)

Изгревот затоа што од првите до последните зраци риеја во каменестите планини, а заодот затоа што од последните до првите зраци, истоштени, гладни и жедни покрај вода честопати беа будени и терани да ги слушаат лелеците и криковите на тие кои ноќе беа тепани, горени со усвитена жица, давени во кофи наполнети со човечки нечистотии и дење изложувани на потсмев.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Притоците, стиснати меѓу ѕидовите од паднатите кеменести планини, навистина беа само брзаци што кривулат по избраздените сувидолици, покрај кои одвај има место за коњска врвица и за понекоја ливатка колонеж.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)