Доволна е казнената закана на самиот закон.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На овие правно “сиви” подрачја на “слободата” секој е препуштен сам на себе и на својата совест, на непишаните закони, на обичаите и на своите насобрани искуства на стапување во нив, што претставуваат комедии и трагедии на идентитетите - на претставите што ги имаме самите за себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Затоа подрачјето на односи, за кое што ознаките “толерантен” или “нетолерантен” се посебно соодветни, започнува онаму каде што позитивниот закон замолкнува (или сѐ уште не проговорува), и затоа постапките на субјектите не можат да се сметаат за последици на стравот и на негативната мотивација, што ја предизвикуваат законските закани.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)