казнен (прид.) - експедиција (имн.)

Арно бргу, машала, свршивте работа? – го праша кадијата насмевнато уверен дека Суљо-ага, буљукбашијата, на вчерашната казнена експедиција, или ги дотерал мариовските бунтовници, или пак нивните глави му ги донесол, та да се ослободи еднаш од тие пезевенци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Беа мобилизирани и двајца асистенти, коишто веднаш ја напуштија клиниката, одушевени, трогнати, со една единствена мисла - да се снајдат, бидејќи секој сметаше дека војната ќе трае четиринаесет дена, „одмаздничка молња на казнената експедиција”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од своја страна Османлиите преземале казнени експедиции и потери со цел да го ликвидираат ајдутството.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Иронија на судбината: друг албански јаничар, Балабан-паша со потекло од Мат, ќе се најде во неколку османски казнени експедиции против Скендербег и неговите приврзаници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Праќаше десетина години со ред казнени експедиции во Мариово, но сите пропаѓаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)