кадија (прид.) - регистар (имн.)

Но, се разбира, продолжете да трагате по старите кадиски регистри, кога ќе патувате низ земјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татка најмногу го интересираа прилепските и битолските кадиски регистри, сиџилите во кои се надеваше дека ќе ги открие клучните податоци за своето семејство, по мајкина линија, на кое одамна му беше изгубена балканската трага, по преселбата во Цариград, неколку децении пред падот на Отоманската Империја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Си се врати веднаш во зоната на својата тишина, и продолжи одмерено, небаре ги диктира елементите од извештајот што требаше да го поднесе комисијата пред Партијата и пред власта: - Сите овие сиџили, односно кадиски регистри или протоколи, пишувани или препишувани од разни кадии, помеѓу 1607 и 1912 година, колку што може да се забележи од овој бегол увид, пишувани на арапскотурски јазик, најголемиот дел се однесуваат на положбата на селаните, на чифлигарството, на верските конверзии, на матролозите, на дервенџиите, на јаничарите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)