На италијански јазик Челебијата поправи разговор со слугите и си влезе со Нешето да си ја продолжи својата утрина работа, да се погали стариот со младото росно робинче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Покрај заемките од латинско потекло, Татко не ги изостави и покрактеристичните зборови преминати во балканските јазици преку турскиот јазик од францускиот и од италијанскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа есен илјада деветстотини седумдесет и прва година се запишав на Факултет да студирам француски и италијански јазик.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Мајка им се обратила на негуван италијански јазик.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ме обзеде силна возбуда кога крај сликата беше објавен фрагмент од романот Времето на козите (Il tempo delle capre), објавен на италијански јазик во превод и со поговор на професорката на Неаполскиот универзитет Марина Џавери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Има силна дарба за јазици, ние веќе си зборуваме на италијански јазик”.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од вујната Клементина убаво го научи италијанскиот јазик, добивајќи го дури и римскиот акцент.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ервехе како славејче го пеела италијанскиот јазик.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа беше тука да ја подучува за да го научи италијанскиот јазик а верувајќи дека, играјќи со сефарадските дечиња, ќе го научи и ладино јазикот со кој, во Солун, се служеле шпанските Евреи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Без знаење на родителите, сами го составивме писмото, на италијански јазик, прашувајќи ја Мајка, така, неврзано, за некои италијански зборови употребени во писмото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие беа видливо изненадени од мојот италијански јазик.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ти, впрочем, убаво го зборуваш италијанскиот јазик.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така беше и кога Италијанците ќе запреа пред нашата куќа крај Езерото, да постават митралез, или некоја одбранбена кота, мајка им проговоруваше на италијански јазик, како Италијанка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Често ѝ пишувала писма на мајка Клементина, на од неа научениот италијански јазик.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој добро знаеше дека, кога пламна грчко-италијанската војна и се пренесе до нашиот град крај Езерото, дали беше тоа прст на судбината, што ли ќе беше тоа чудо, на Мајка да ѝ оживеат и грчкиот и италијанскиот јазик, да ѝ помогнат да си ги спаси чедата од војната.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)