Продолжуваше да живее во нас сликата за загубената мода од една далечна италијанска пролет.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ние, децата, бевме среќни и горди што го оживеавме големиот сон на Мајка. Сонот на заборавената италијанска пролет.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
– Да, мили, тоа беше италијанската пролет во мојот живот! – Таа година пропадна Албанија. Ја окупира Италија!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И така, Мајка на чуден, необичен и напати мистичен начин, ја одржуваше, ја задржуваше во себе, ја ширеше таа своја италијанска пролет како единствено среќно годишно време на нејзиниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Првиот го означуваше времето на зенитот на нејзините западни илузии, на нејзината кратка италијанска пролет, а другиот каталог, времето на источните илузии кога, со своето семејство, ја мина границата, со надежта дека, еден ден, ќе се врати во родниот Лесковик, во Солун на своето детство, во Поградец, градот на своите први рожби.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа е една посебна историја за најсреќните мигови во животот на Мајка, историја за нејзината италијанска пролет која живееше со Мајка, во сите други балкански годишни времиња, во војните и во преселбите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Влегуваше, чиниш без да сака, во Мајкината приказна за италијанската пролет, кога беа вистински среќни.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)