Од италијанскиот збор leventino, благороден италијански војник испратен на Блискиот Исток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кај Османлиите левент означува морнар, а во времето на јаничарите постоела и воена единица со ова име!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се сеќаваше Мајка и на италијанските војници кои нѐ пресретнале на излегување од ровот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ами сега? На моторот се двајца италијански војници и една девојка од нашите села.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Разбрав од еден италијански војник - продолжи да објаснува Горјан - дека насекаде низ Албанија ги смениле Германци.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Двајца италијански војници, со ножеви на пушките, одеа напред, а двајца назад.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
На крај градот, истите стражари - италијански војници, го запреа. Го претресоа и измешаа во солта.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Ајде со нас на дрварски пазар? - му предложи човекот што разговараше со италијанскиот војник.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Веќе беа среде во градот. Низ градот, со ножеви на пушките, врвеа италијански војници.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Фатив пријателство со еден италијански војник. Се вика Федерико.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Еден италијански војник, со густа и црна брадичка му пристапи на Трајчета, го помилува по косата и рече: „Бамбино, бамбино!“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кажуваа, само еднаш се вљубила, и тоа за секогаш во еден млад италијански војник, пред капитулацијата на Италија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Грчките војници ја одминаа нашата куќа, без да постават митралез на чатијата, како и италијанските војници, но и без да ни ја окупираат куќата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка и сега, по многу минати години, му покажуваше на Татко дека умеела поуспешно да се справува, да ги употребува знамињата, отколку тие што ги натерале овие сиромашни италијански војничиња да ги веат во нивно име, во случајов, во името на фашизмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Те носев, неколкумесечен, в раце, низ рововите, ископани од италијанските војници, за време на војната со Грците, кога се спасувавме заминувајќи во Корча, кај твојата тетка мажена таму.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Италијанските војници, верувајќи дека се работи за Италијанка, ѝ ја исполнуваа желбата, се оддалечуваа од нашата куќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Веќе ги немаше по патиштата италијанските војници.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
– И така, чеда мили, во Поградец, во есента на 1940 година, дојдоа повторно италијанските војници – го започнуваше Мајка старото кажување, но секогаш со други зборови, разубавени, без да ја измени, никогаш, првобитната суштина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Храбро ќе минува крај разбеганите и разнебитени италијански војници за време нивната капитулација истата година.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)