италијански (прид.) - вдовство (имн.)

На италијанските вдовици од Фајер Ајленд ќе можеше да се гледа како на пародија на таа конвенционална женска улога и на моќниот перформативен идентитет на италијанското вдовство – како на чисто пародирање на високоморалната драма на семејните вредности, родовата подреденост и сентименталната сериозност на стрејт-општеството – да не беше тука фактот дека сите италијански вдовици во Пајнс беа мажи кои поради сидата самите загубиле љубовници, пријатели или припадници на својата локална заедница.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, на самото присвојување на таа честита женска улога може да се гледа и како на машка кражба на женската повластица, како на веќе виден пример на машки културен империјализам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивниот показ на изведбеноста на италијанското вдовство имал за цел да го направи вдовичкиот статус пренослив на нив, за да можат да си ги бараат општествените повластици што одат со тој статус – имено, правото да си ги оплакуваат љубените пред очите на целиот свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ставајќи се во дрегот на италијанските вдовици, тие се обидувале да си присвојат, колку и да било тоа иронично, женска улога што обично би им била ускратена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивниот настап, тврдев, не е мизогин: тој не искажува омраза кон жените, не толку колку што искажува завист поради можноста на некои жени јавно да изведат приказ на личната болка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, вадејќи ја на виделина перформативноста на италијанското вдовство, италијанските вдовици од Фајер Ајленд го направиле самото вдовство подвижно, преносно и преносливо на други, а со тоа и себеси си го направиле и достапно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)