истоштувачки (прид.) - марш (имн.)

Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој, кој досега само слушаше, се исправи и, барабанејќи на масата со прстите од левата рака, праша: - Знаеш ли за што мислев? – допре до нас прашањето и без да чека одговор – пак праша: - Зошто само зиме, во најголеми снегови, студови и цикни, по долги и истоштувачки маршеви, смрзнати и гладни ги напаѓавме градовите?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)