Од камен соѕидани, од едно одделение, немалтерисани ни однатре, а камо ли однадвор, без никакво душеме, со две врати: една голема на средето на ѕидот, обично на источниот ѕид, другата малечка, само човек да може да се протне со наведена глава, на спротивната страна од големата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јанче уште некое време остана вудвосан под Исусовото распетие, прикрепено на источниот ѕид, потоа, кога се исправи, уплашен и расплакан, во нивните очи побара согласност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа седнува на столот спроти оџакот, вграден е во источниот ѕид помеѓу прозорците, и со нога ги поттурнува цепаниците навнатре во жарот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е срецелото. Оградено е, од југ, со авлијата на Јанчевци Талевци, од исток со авлијата на Мицковци Трајановци, некогашното училиште и некогашната општина, од север со гумното на Дамчевци Џаџовци, од запад со источниот ѕид на чифлигот Трпоски, дуќаните Акиноски, кои уште од Второто србско зјаат пусти, со откорнати врати и прозорци, и со авлијата на Ризевци Софревци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Има три мали пенџериња (едното гледа на југ, на дворот и гумното, другото, западното, преку сокакот на авлијата и во портата Јаузоска, и третото гледа на север на сретселото: четвртиот, источниот ѕид е внатрешен и ја одделува одајата од другите простории во куќата која е сета на едно рамниште - приземна) и сите три се зарешетчени со железни прачки дебели колку прст.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Погаништилак и празни верувања, си мисли, но оти сè е безнадежно и оти и ноќва е трудна со неизвесности, и тој е озбемен од тоа Се истава од прозорецот и некое време шета од едните во другите прозорци на одајата, од тие на западниот ѕид, пред кои до пред малку стоеше, до другите на источниот ѕид.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Светлината што доаѓа однадвор од самракот внатре во одајата се меша со светлината на четири големи свеќи, на источниот ѕид под исусовото распетие горат за душа на покојникот, и на поседнатите околу трпезата, се протега од јужниот до северниот ѕид, осветлуваќи им ги лицата, груби и јадосани, им дава чуден неземски изглед.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се протина помеѓу авлиите, од горна страна, на Јанчевци Крстевци и, од долна, на Јанчевци Николовци па одејќи само покрај источниот ѕид на имотот, односно само по подножјата на Зедница, кај Бел Камен ја напушта населбата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во записникот вештото лице наведе дека куќата е 12,50 на 9,30 м., градена од слаб материјал: приземјето од камен, со малтер од кал, а катот од плит; меѓутаванската конструкција, таванската и покривот се дрвени - со костенови и јасикови стебла; на секој метар во висина, ѕидовите на куќата се опшиени со дрвени појаси, покривот е четвороводен со турски керамиди; олуци нема; на горниот кат одаите и претсобјето се послани со под од штици на ”перо” и жлеб; долниот кат на куќата е послан со набиена глина помешана со слама; претсобјето ”конкот”, во долниот кат е циментиран; куќата внатре е малтерисана; вратите, прозорците и скалите се дрвени; куќата има пукнатини (хоризонтални и вертикални); на северниот ѕид однадвор можат да се уоачат пукнатини и тоа на ширина од 1,30, па 2,70 и 3,90 метри, мерено од североисточното ќоше; на источниот ѕид има пукнатина на 3,30 м., мерено од источното ќоше, и на западниот ѕид на широчина од 1,50, потоа 2,40 и 4,00 м., мерено од северозападното ќоше; должина на пукнатините се од 0,30 до 4,00 м., а широчината на пукнатините од 20 до 30 мм.; внатре исто така се забележуваат вертикални и хоризонтални пукнатини во сите простории.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На источниот ѕид од колибата беше мало прозорче, со заматено стакло, низ кое одвај се пробиваше дневната светлина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во продолжение во источниот ѕид од куќата, е кренат заштитен ѕид од колци исплетени во врбови прачки за да го заштити дворот да не го подлокува него езерото; на северниот ѕид од куќата залепена е плевна со покрив од слама, поцрнет и згниен; од неговиот гнилеж во пролет изникнуваат разни тревје и по некое житно стебленце чиишто семиња паднале тука од ветрот или од птиците, и тие зеленеат и живеат сè до летото кога сонцето ќе им ја истрга влагата од северните ветришта и студови; до плевната е залепен мал готварник, кој летно време служи за готвење, за перење, за сушење месо; оградата на дворот е крива-права, со штички кои не се со иста височина, со колје кои како да се редени: некои дење, некои ноќе; на места е пренапната и раширена оградата, како детско оро што неправилно се оптега; на оградата има врата доста повисока од неа, покриена со мала стреичка за да не кисне на дождот; на вратата има ѕвонец кој при отворање и затворање на вратата, одекнува со непријатен ѕвек како камбана.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)