источен (прид.) - култура (имн.)

Младиот Фаик Коница ќе биде фасциниран од огромната ерудиција на Леон Каин, од неговата источна култура, од неговите воедно републикански и социјалистички идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Цариград на неговата младост, напати го гледаше како голема рака подадена од европскиот кон азискиот дел, сета блесната со алемкамени, а напати како толерантно цивилизациско средиште во кое се спротивставуваа, но и се почитуваа, западната и источната култура, како и муслиманската, христијанската и хебрејската традиција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Климент Камилски не го криеше своето задоволство слушајќи го Татко како ја изнесува листата на турцизмите кои влегле во балканските јазици заедно со источните култури, какви што биле престижните персиски и арапски култури.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)