Но, има еден одговор кој ние многу потребен,како насушен леб, а тоа е следново: Нашиот македонски народ има потреба да направи историски чекор кон новата културно цивилизациска парадигма со цел да се креира одржлив општествено економски и технолошки систем, на тој начин осигурувајки го својот културно цивилизациски ОПСТАНОК.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но имаше и други дополнителни причини поради кои Татко се беше одлучил на речиси историски чекор во семејството, да се мине границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)