147 Политизирајќи ја свеста на гледачите преку очудување на познати архитектонски обележја, проекциите на Водичко интервенираат во урбаната топографија произведувајќи нови значења и пораки, 146 Rosalyn Deutsche, “Art and Public Space: Questions of Democracy,” Social Text - No. 33, (1992): 43. 147 Krzyszrof Wodiczko, “Strategies of Public Address: Which Media, Which Publics? ” and “Discussion,” in Discussions in Contemporary Culture, ed. Hal Foster, no. 1 (Seattle: Bay Press, 1987), pp.42,48, цитирано во Erika Doss, “Raising Community Consciousness with Public Art,” American Art – Vo;. 6, No. 1, (Winter, 1992): 79-80. 116 принудувајќи гледачот да го преиспита политичкото кое што лежи во основата на архитектурата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие го постигнуваат тоа не преку негирање на доминантниот дискурс на историска меморија и потрошувачка, туку преку влегување во дијалектички разговор со јавноста, во обид да се воспостават односи меѓу различни историски рамки, симболички контексти, како и социјални и политички партии конфигурации: „За мене, централно прашање е каде сме ние денес со демократијата во однос на уметноста?
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Клучно е да ги размрдаме малку тие комуникациски канали внатре градот (за воопшто да можеме да градиме некаква покомплексна информативна структура, „однадвор”), да ги мобилизираме инвентивноста и духот кои чучат и пропаѓаат по скопските дувла затоа што на okno.mk | Margina #15-16 [1995] 5 Балканот тие се безвредна роба, да го промениме тој инертен и моќен фатализам дека нема излез од гомнава, создавајќи силни јазли на некаква креативна енергија што би се ширела ко звукот на хотелското yвонче во Бартон Финк, суптилно а силно, вон фреквенциите на „чуварите на националната култура”, зомбиевските гадови што блокираат било каков проток и кои гнијат секој во своето изолирано ќоше од овој мрачен лавиринт низ кој талкаме и за кој допрво треба да се утврди дали воопшто поседува излез, копчи, интерфејси, како сакате, со некои поглобални структури. 3. Nick White Бројчињава во текстов се само затоа што овој трет параграф, некако според духот, не припаѓа баш во Маргина, но поради сомнителните морални причини споменати на истово место и во минатиот број, поради новиот голем бран на еден примитивен националистички дух кој не разликува државотворност од шовинизам, патриотизам од национализам (кој не разбира дека државата токму настанува во зоната на поларното одвојување на тие термини!) но и кој, доколку не се реагира (а богами и тогаш!, но реакцијата секо-гаш е важна, колку и да е осамена, макар и во историски рамки) брзо тркала сè пред себе, ете, поради тоа, велам: неверојатно е важен отпорот спрема тој евтин трговски национализам кој ги тресе особено тнр. кругови на културниот естаблишмент, кои си пронајдоа ново идеолошко лижавче, нова дури јазична матрица составена од крајно нерафинирани наци-романтични стереотипи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)