Потоа се спријателил со двајца смеолики терикати со маузерки и конспиративно се побратимил со нив на вино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се обидуваше во првите страници на својот голем историски запис да трага по посебностите на балканскиот релјеф, кој видно се одразуваше врз менталниот. И имаше зошто!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пред почнувањето на борбите додека побратимите му помагале да го избрише со крпа мотоциклот од прав и црно масло, попот ги помолил да ја чуваат неговата торба со историски записи а за ежот ќе се погрижи самиот: ќе загине Доситеј, ќе остане Армодиј Давидовски да го спасува светот од змии и глувци и да тагува по својот набожен доброчинител.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)