Слободно може да се каже дека либералната демократија е рамна на судбината на човечкиот историски живот токму од оној момент кога таа идеја некому му паднала на ум.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со татнежот на топовите тие сакаат да нè задржат во „херојското” доба на своите задоцнети психи, а историјата, историјата 26 okno.mk отворено им зборува и покажува дека стравот од мит да се премине во историски живот, од хероизмот во внатрешните простори на психата, е невиден КУКАВИЧЛАК.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Од овој површен поглед врз историските настани во Македонија се гледа оти горе-долу сите македонски котлини имаат една и иста историска судбина, горе-долу сите нивни жители имаат особен, одделен историски живот, неретко самостоен, или пак вклучува во себе заедничка борба за политичка слобода.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нашата потсвест сосема ни ја замрачила и заменила свеста, а како замена за историскиот живот го добивме казнено-поправниот завод на една митолошка егзистенција.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа се тие патријархални „компетенции” што ни порачуваат дека нив не ги интересира историскиот живот на народот кој се развива правно, економски, културно, кибернетички, кој ја рационализира својата природа и во една цивилна општествена форма ги испитува одредува причините и последиците на своето историско постоење.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)