За мене самиот поим е еден помошен израз, и тоа повеќе за опис отколку за категоричко именување на новата историска состојба; повеќе демократско двоумење на самиот поим самиот во себе да се утврди, отколку некаков недвосмислен знак, симболички орден врз шинелот на историското време.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Подеднакво ги мешаат и историските времиња: епските песни со фантомите на непризнаените кралеви, овие пак со црвените комунистички ѕвезди, гуслите со борбените труби, трубите со топовските цевки.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Јас и моите врсници одраснавме во стварност лишена од историја, учејќи за претходните магливи историски времиња, истовремено сонувајќи за нестварните еклери со чоколаден прелив што се создаваа на преминот од стварноста кон фантазијата...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Тој не веруваше дека судбината на човекот во историјата е проблем кој би можел да се разреши во внатрешноста на историското време.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко, од овој аспект, од оваа призма, ја следеше балканската историја, проникнат во падовите на империите, кога историјата зрачеше најмногу со својата трагичност, со проклетството како што тој го нарекуваше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нивната награда или спасот беше вон историјата и надвор од времето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во сите овие концепции во исполнувањето на историјата, целта на реализацијата на прогресот ќе биде во внатрешноста на историското време.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во една тоталитарна варијанта, прогресот беше претставен како мешавина на социјалниот дарвинизам, еугенизмот и науката за расата од крајот на XIX век и за создавањето на надчовекот, со цел да ја трансформира човековата историја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Западниот човек со векови ќе го оправдува своето постоење на земјата во рамките на Историјата и историското време, создавајќи го своето општеството и силните личности.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)