Колку помалку имаш секс, вели таа етика, толку тој ќе има поголемо значење, а она што треба да го посакуваш над сѐ во сексуалниот живот не е задоволството, туку значењето, значењето за сметка на уживањето, односно значењето преку исклучување на уживањето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја усвоиле и хетеросексуалната етика на еротското осиромашување, која лобира во корист на благотворноста на одрекувањето од сексуалното уживање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа е етиката против која геј-ослободувањето некогаш креваше светски историски бунт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем број геј- луѓе денеска се изгледа решени да ги подражаваат и да ги репродуцираат ветвите, регресивни општествени вредности на хетеросексуалната култура: семејството, верата, патриотизмот, нормативните родови улоги – она свето тројство на Kinder, Küche, Kirche.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нејзината оригиналност, нејзината уметничка експерименталност и нејзината сушта сјајност се многу скраја од стандардната политика на геј-идентитетот на главнотековното геј-движење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)