Предизвикот за критичарите и за толкувачите е спротивното: да се открие што е она во поголемиот дел од машката геј-култура – зачувувањето на историски артефакти, да се послужиме со примерот што само ни е најмногу на дофат, или култот кон Џоан Крафорд – што би можело да има некаква врска со куровите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Вистинска гордост ќе имаме само кога ќе бараме признание на култура што не е само сексуална“ (небаре култура што е само сексуална би била сосема срамна работа – или, барем, небаре тоа би било нешто со што не би се гордеело ниедно пристојно човечко суштество).361
Но, вистинскиот проблем не е што машката геј-култура веројатно ќе се сведе на ништо повеќе од само курови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа не е толку прашање на спасување на машката геј-култура од сведувањето на секс, колку што е сочувување на некоја концепциска и емоционална врска меѓу машките геј-културни практики и истополовите сексуални практики што ја прават хомосексуалноста сексуална ориентација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И штом, во нашево хомофобично и сексофобично општество, е секогаш лесно да се нападне геј-сексот, а е мошне тешко да се брани, изгледа не вреди да ѝ се купува угледност на машката геј-култура со нејзино спасување од неугледната вклученост во машка геј-сексуалност, како што се мачи да направи Лари Крамер (кого Фелоус го цитира двапати): „Сигурно во геј-културата има повеќе од само курови“, вели Крамер.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)