ИСТОЧНИОТ МОДЕРНИЗАМ и ЗАПАДНАТА ДРЖАВА го зборуваа истиот јазик - јазикот вкоренет во јазикот на авангардните движења и нивните идеалистички концепти за општество што функционира како уметничко дело во целина.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Видови на преведување
Во својата статија „За лингвистичките аспекти на преведувањето“, Роман Јакобсон разликува три вида преведување: (1) интралингвално преведување, или преизразување (интерпретација на вербални знаци со помош на други знаци во истиот јазик). (2) интерлингвално преведување или прописно преведување (интерпретација на вербални знаци со помош на некој друг јазик). (3) интерсемиотичко преведување или трансмутирање (интерпретација на вербални знаци со помош на знаци на невербален знаковен систем). okno.mk | Margina #8-9 [1994] 21
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бабата Турчинка и Татко тешко ќе се разбираат на истиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јас се осмелив сепак да се надоврзам на последните зборови на А.А.: - Рисјаните и муслиманите многу векови живееле заедно, опстанале низ истиот јазик и судбина, сигурно ќе најдат сили да ја продолжат убавата традиција, во соживотот на верската толеранција која се наследува како драгоцен дар од генерација на генерација!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Употребата на истиот јазик и при опишување и објаснување на проблемот (на себеси и на колегите) како и во разговорот со пациентот за време на сеансата, може да биде корисно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Отсега противниците зборуваат со ист јазик: и кај едните и кај другите етничкото поимање на нацијата ја победува теоријата за слободен избор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Зборувајќи го истиот јазик, споделувајки исто потекло, професија, тие имаат многу теми за разговор, многу нешта за размена и остануваат заедно до доцна во ноќта.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во таа светлина, значајната Фројдова ревизија што се случи во текот на дваесеттите години може да послужи и како базичен модел за диференцирање внатре во популарното на безбеден „mainstream“ (да го наречеме тоа „уметност на среќата“) и на различни форми на радикална и критичка продукција којашто се храни со истиот јазик како и „меинстримот“, но и се отвора спрема многу покомплексните ефекти на задоволство што некоја појава ја прават популарна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Она за што овде ќе стане збор нема за цел популарното да го препознае како прост ефект на задоволство, туку да ги вклучи во игра и различните ефекти од овој принцип кои настануваат поради константното појавување на потиснатото, она што, според Фројд, „работи отаде принципот на задоволство“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Без директна борба, една поетика на апсурдот и на имагинацијата, која си играше со стереотипите, го зборуваше истиот јазик на популарната илустрација на традиционалниот Руски роман. Маргина 34 123
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Културните групи ковенционално се идентификуваат во однос на јазичните заедници.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Учењето човечки јазик е почеток на акултурација и социјализација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Употребата на јазикот ги исцртува границите на културата: култура, во најмала рака, се состои од поединци кои го зборуваат истиот јазик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Самото поимање на културата, особено во неговата класична, антрополошка формулација од деветнаесеттиот век, претпоставува средишна, дури и основоположничка улога на јазикот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ми се гади од божемно преведување на различни јазици кога сѐ всушност е на еден единствен и ист јазик и ми се гади од него, а камоли да го преведувам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Дури и ако постои поголема слобода, ова отсуство изгледа е прилично тешко бреме за носење.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Единствено можам да разговарам за моите блиски пријатели кои ги познавам 30 години, тие работат на истиот јазик, на истите проблеми и идеи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Никогаш не ќе имаме, ниту сме имале, работа со некаков “транспорт” на чисти означени од еден јазик на друг, или во рамките на еден и ист јазик, што означувачките инструменти би го оставиле невин и недопрен.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Предаден е живописно Летот
таа нес(о)вршена именка
таа нимфоманка
тлоцртот на гризодушјето
живиот песок на егзилот
- штрковата земја, навидум пуста
стравот да се користи истиот јазик
да се проколне, зборот да оживее.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тие два “пра-гестови” на човештвото се во меѓусебна “опозиција”, но повремено почнуваат да зборуваат со истиот јазик на насилство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тоа не може туку-така да се тврди, но маниризмот во секој случај ја загуби својата вистинска, сè уште религиски врзана моќ за спротивставување на хибридната сила тогаш кога доаѓа до преклопување меѓу “лудилото” на хибридната моќ и “лудилото” на хибридната анти-моќ.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)