ВЕНЕРА СО НАСТИНКА Секое попладне сонува еден ист сон Будејќи се над кафеанскиот мебел Ја прашувам има ли каде да преспие Не, одговара - само жмири од густиот чад Правејќи големи кругови од време на време Знам дека тое е еден ист сон пиејќи во друштво на таа девојка
глумејќи заинтересирано додека светлата не стивнат
Во темните часови е бескрајно тажно
Се трудам да не паднам во пустилото
што голта, испарувајќи од тие сиви очи
Сѐ до следниот пијалок - во мугрите возејќи се -
до другиот крај на градот
Обземена од заморот заспива првата клупа
галејќи ја росата...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Потстанав. Го сонував одново истиот сон во кој дедо ми заминува во багажникот на модерен автомобил, налактен на шареникаво ќебе, во удобен дрвен ковчег од кој ми мафта како пред интересно и важно патување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
А кај ќе легнам ист сон сонувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега таа исполнетост му се одмаздува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Којзнае по кој пат, во овие пет месеци како што е тука, го буди кошмарот од истиот сон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И ненадејно, некаде од високо, од зад горната рамка на прозорецот од одајчето на праведникот Шабтај, се појави далечен огнен столб кој силовито се доближи до куќата и до прозорецот и вовлекувајќи го во огнениот вител, го крена него, Праведникот, и го однесе високо, толку високо што таму, над највисоките облаци, пред Шабтај се укажа еден голем град создаден од светлина исполнет со палати, широки улици, светнати ѕидини, во чие средиште се наоѓаше Храмот на копнежот, домот на Севишниот, градбата на премудриот Соломон но сега, веќе, не изѕидан од камен, туку создаден од најсјајните зраци, а во неговото проѕирно средиште, виде јасно Шабтај, стоеше Светињата над светиите со Заветната арка и златозрачните таблици во неа; со Декалогот даден на Синајската гора на благородниот реб Мошѐ12, а над сиот тој сјај Шабтај виде како една рака во просторот над чудесните светии, испишува четирите букви на хебрејски што, сиот збунет, тој ги прочита слагајќи ги слог по слог - како што тоа го правеше со имињата од фирмите на новите големи магази на Широк сокак - како ХеВХаЈ, но и истиот час сеќавајќи се дека исписите на иврит се читаат обратно и тој стаписано го прочита исписот на прозрачната рака како ЈаХВеХ13, неизговорливото име, тетраграмонот, името на Бога во кое Шабтај најде конечен спокој и оддишка. А во истото време, долу во Ла Калежѐ, неговиот син, снаа и внук сонуваа еден ист сон, како имено еден по друг ги палат светилките за Ханука, прво Рена, па Јаков, па третиот ден од празникот на светлината и нивниот Шабтај, а по него, светнат од среќа, и малечкиот. Утредента Јаков го најде татка си, спокоен, со полуотворени очи загледани некаде во височините зад облачното утро, кон ветениот небесен Град на Мирот; и некако озарен, со необјаснива внатрешна светлина, што тој и жена му ја припишаа на конечно пронајдениот спокој.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И така, мајка Фимка остана сама и таму, во туѓина, секоја ноќ само еден ист сон сонуваше - дека сите чеда си ги собрала покрај домашната софра...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А, јас те гледам онака опиен од твојот израз и тонам во истиот сон и не допирајки те.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Одамна не се трпиме, Немој, Аце, ја сам рокенрол цар. добро се знаеме, *рефрен, 2X Ти си ангел-дете, ко кучиња на ланец Без мозак си бе келчо, кажа ми Аце еден на друг лаеме. пред секој твој чекор ти ли ќе удараш европскога шампиона мајки ти прашина мете, главу ќе ти набутам у клозетску шољу Ангели без гаќи, тањирите два пати ги среќан си што си жив, да те ебу коња. секој во свое, брише, Мое рокерско срце престана да тропа не даваш ништо, пиеш само од кристални онесвести се, падна на његови руке не гибај што е мое. чаши, раја плашљиво ѕиркаше унутра никако од шише. само чу: “бреј, почнава и педери да ми Секој од нас Ти добро си дете, задавав муке”. сонува ист сон, еден чичко на тебе пази, тој сам во куќата, ако некој само те чепне, рефрен, па соло. другите под бетон. тој скокнува и го гази. okno.mk | Margina #10 [1995] 87
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
14 Сеедно дали се свои или туѓи Некои соништа натежнуваат и претежнуваат од историја И тие соништа по правило се најкошмарни Џимкањата во нив се најбучни А клуч за нивна одгатка ретко се наоѓа Иако во последно време прилично напредна Археологијата на соновите како една нова И прилично конјунктурна научна дисциплина Особено бурни сонувачи на секаква историја Се балканските народи кои уште си вадат очи за минатото Тие понекогаш сонуваат исти сонови А неволјите настануваат кога сите сакаат Да имаат тапија на еден ист сон И нема господ кој може да го разврзе тој јазол од пет-шест исти сонови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Сега стануваше јасно дека ги поврзуваше истиот сон на заминувањето, секој го имаше својот дел.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Нам повеќе ни се веруваше дека ни се повторува постојано истиот сон, отколку што помисливме дека пакетот вистински стигнал.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Понекогаш си сонувавме ист сон кој ни беше разделен од границата...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Некогаш играјќи децата ќе ја откопаат нашата плоча Под неа ние, подолу тие, утре вие Сите отруени од исти сништа - В земи да си ги видиме, барем, нашите краишта.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
„И сите сонувале?“ „Сите. Истиот сон, без разлика“. „Веруваш ли ти во тоа?“ „Да, никогаш не сум бил толку сигурен во нешто.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Тоа бил истиот сон?“ „Истиот. Му велам дека и јас сум го сонувал.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- рекоа луѓето. XXV Кога телеграмата стигна во интернатот со која му јавуваа на Богуле дека татко му е умрен, тој се наоѓаше во болница; неколку дена пред тоа го сонуваше оној ист сон: како вулканот пак избувнал, како го затрупува селото кое е празно и во кое само татко му е останат; скокаше од креветот и викаше по татка си да бега; викањето негово пак ги будеше неговите другари во спалната, го фаќаа и не му даваа да излегува надвор; му плиснуваа вода в лице и го разбудуваа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)