ист (прид.) - село (имн.)

Се тресев и секој миг заспивав, станував куп мртви дамари без сетила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– За јадење еднаш, за цела година има да издржиме – изјави Стојан Пејо, еден од бунтовните селани, член на овој востанички штаб. – Дрва за горење има за две години – рече Васил Петко од истото село на кого му беше возложена оваа задача.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сепак таа знаеше кој е Диме, неговите потекнуваа од истото село како и моите родители.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сепак со секој здив минував во соништата секогаш през исто село со мртви покриви и со гробишта зад недарежливи лозја: крстовите беа без сенки и не никнуваа од земја, висеа: ги ослободуваа мртвите од преголема тежина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа тој си претседитекуваше, а Јован гаумаруваше во истата општина и во истото село. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)