Да, ги сакам и Македонците, зашто и тие се бореа против туѓинците во истите ровови во кои што се боревме и ние...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
До мене гинеа Грци, како што до нив гинеа нашинци во истиот ров.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога не би направиле така, тогаш би си плукнале на крвта што заеднички ја пролеавме во ист ров, во истиот бункер, на парчето леб што го делевме, на капката вода што ја цедевме, на раните, на солзите, на достоинството што го создававме заеднички, на сето она што со мечтите го градевме но ридиштата и снеговите на Грамос и на Вичо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)