Додека водоводните цевки се тресеа под напон, Боге ја замислуваше под тушот како што ја гледаше често: примижана од густиот сноп капки, си ги приподига градите да одмери колку ѝ виснале, поминува по половината да насети дали се здебелила или не, па се удира по задникот со истите раце како да кара дете.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но војникот наеднаш запре со крстењето и му врза една тешка шлаканица на момчето. Со истата рака со која се крстеше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога на неговата рака веќе не ѝ беше потребна поткрепа, таа иста рака ме турна во очајот, како во вакуумски простор, во кој со подеднаква брзина, со подеднаква бавност, паѓаат и пердувот и оловото, и крвта и душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Има многу отменост во однесувањето на момчињата - рече таа и во истиот момент сетив како нејзината дланка го олабавува стисокот на мојата подлактицата а потоа, со истата рака, почна да им мавта на момчињата качени на дивиот костен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со исти раце го тепаше, со исти раце го милуваше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секогаш исто, а може и од иста рака.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во тој вакуум едни во други постојат сите преживеани очаи; низ новата болка болат сите претходни; низ мојот сегашен очај ме болеше очајот на моето детство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)